Во Газа досега 830 загинати, но прекините на интернетот влијаат на ажурирањето

Палестинското Министерство за здравство денеска соопшти дека во израелските напади врз Појасот Газа загинале 830 лица, а повредени се 4.250 лица.

„Прекините на интернетот влијаат на ажурирањето на бројот на загинати“, соопшти Министерството за здравство.

Во меѓувреме, Амбасадата на Израел во САД соопшти дека во нападите на Хамас врз Израел загинале 1.008 лица, а повредени се најмалку 3.418 луѓе.

МИА

Прочитајте и:  Хамнеи: Апсење не е доволно, треба смртна казна за израелските лидери
- Реклама -