Во Дубаи се пие златен чај

Златото е насекаде низ Дубаи, а отсега и во чајот!

Модерното кафуле Art Cafe Mocca во Дубаи на посетителите им нуди уникатен чај, кој се подготвува од листови на растенија, покриени со слој од 22-каратно злато. Пијалокот се сервира веќе две недели и сеуште е на промотивна цена од околу 15 долари.

Според 32-годишниот сопственик на кафулето, Ашраф Махран, пред да биде послужен, чајот поминува долг пат. Од плантажата во Шри Ланка, чајните ливчиња патуваат и се позлатуваат во Германија, а потоа одат во Мароко на ароматизација. Крајниот продукт е уникатен.

133166717

Махран пробал сличен чај во британски хотел и веднаш решил да го предложи ова искушение на жителите на Обединетите Арапски Емирати. Тој е уверен дека пијалокот е многу корисен за здравјето, дека ја намалува нервната напнатост и физичката исцрпеност. Од друга страна, не сите експерти го делат истото мислење, но и покрај тоа, скапоцениот чај е дозволен за потрошувачка од соодветните контролни органи на Дубаи, кои го признаа пијалокот за безопасен за здравјето.

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми

Сличен чај постои и во Кина, Индија и некои западни земји,а се смета дека златниот пијалок има неповторлив вкус.

- Реклама -