Борба а не бегство е она што ги одржува во живот. Од побеснети лавици во саваните до голема бела ајкула која лови фоки над површината на морето, овие неверојатни фотографии ја прикажуваат природата во нејзиното најдраматично светло.
Фотографите кои ги направиле поминале четири континенти и се ставиле себе си на само енколку метри од некои од најсмртоносните животни во дивината за да ги направат овие спектакуларни фотографии. Стив Блум, 58 годишен фотограф, ја составил оваа неверојатна серија, а дури и самиот отишол во дивината за да направи неколку од нив.
При посета на резерват во Асам, Индија, Стив се нашол очи в очи со дво тонски носорог. „Успеав да добијам дозвола за посета на дел од резерватот во кој обично е забранет пристап“ објаснил Стив. „Носорогот се шеташе наоколу и пасеше – до моментот кога ме виде и од ненадеш се затрча кон мене. Трчаше со полна брзина како автомобил кој забрзува. Јас бев во отврен џип што значи дека бев во многу ранлива положба. Вооружениот рејнџер кој беше со мене се обиде да испука предупредувачки истрел, но неговото оружје се закочи.“
„Возачот се обиде да го стартува џипот, но во паниката моторот едноставно не сакаше да запали. Мене не ми преостана ништо друго, па го завртев мојот апарат кон носорогот. Тој наеднаш сврте и не прекри со прав. Чувствував како цела Индија да може да го чуе тропањето на моето срце.“
И покрај физичката опасност, Стив ја објаснува неговата мисија да им овозможи на луѓето реалистичен поглед на животот на дивите животно. „Луѓето често имаат идеалистички поглед на природата. Тие ќе видат некое слатко крзнено животно кое се шета наоколу и замислуваат дека нивниот живот е многу мирен. Но поголем дел од времето тие трагаат по храна, што е акт на агресија. Или пак се обидуваат да не бидат изедени или се борат за доминантност над својот вид. Тие постојано се во состојба на повишен стрес – насилството никогаш не е далеку.“
Тој започнал да фотографира диви животни додека бил на одмор во Јужна Африка во 1993 година, три години подоцна решил да се фокусира само на тоа. За својата инспирација тој вели: „Растејќи во Јужна Африка, отсекогаш се интересирав за визуелни слики, како и филмови. Немаше телевизија во Јужна Африка, режимот ја забрани, па голем дел од времето го поминував гледајќи фотографии во Life и други слични магазини.“
Но не сите животни фатени во конфликт доживуваат крвав крај. Најчесто животните се борат со суштества од истиот вид за доминантност. Во други ситуации пленот има предност. „На пример, гепардот е најбрзото копнено животно на планетава и може да достигне над 110 километри на час, но има кондиција само за кратки спринтови. Ако не ја улови антилопата во првите неколку секунди, антилопата ќе побегне. Значи животните мораат да се адаптираат, да учат од својата средина и пред сè да останат силни.“ [Into the wild: Photographer captures animals as they battle it out in fight for survival]