Скопје, 31 октомври 2021 (МИА) – Во десет општини целосно се обработени податоците од гласањето на вториот круг од локалните избори 2021.
Според веб апликацијата на Државната изборна комисија во Арачиново Ридван Ибраими од ДУИ освои 50,75 проценти од гласовите, наспроти Меликије Халими од СДСМ – 47,82 отсто од гласовите.
Во Боговиње Бесник Емши од ДУИ доби 62,29 отсто, а неговиот противкандидат од АА/А Аљбон Џемаили 36,36 проценти.
Во Вевчани Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ има 50,41 отсто од гласовите, а Сашо Јанкоски СДСМ – 46,88 проценти.
Во Демир Капија Лазар Петров од СДСМ освои 49,93 проценти од гласовите, а Андон Донев од ВМРО-ДПМНЕ 48,47 отсто од гласовите.
Во Демир Хисар Никола Најдовски од ВМРО-ДПМНЕ има 49,75 отсто од гласовите, а Стевче Митревски од СДСМ 46,76 проценти.
Во Конче Златко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ освои 49,93 проценти од гласовите, а Благој Илиев од СДСМ 48,89 отсто од гласовите.
Во Лозово Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ има 49,94 проценти од гласовите, а Ацо Велковски од СДСМ 47,45 отсто.
Во Пехчево Александар Китански од ВМРО-ДПМНЕ 51,20 отсто од гласовите, а Славчо Пандурски од СДСМ 45,98 проценти од гласовите.
Во Росоман Стојан Николов од СДСМ има 53,65 проценти од гласовите, а Тихомир Николов од ВМРО-ДПМНЕ има 44,31 отсто од гласовите.
Во Чашка Горан Стојановски од СДСМ има 56,07 проценти од гласовите, пред Суат Шаќиров од ДУИ 41,78 отсто од гласовите.