Во четврток и петок во Скопје ќе се врши петтото прскање против комарци

Во четврток и петок (5. и 6. септември), во раните утрински часови, во Скопје ќе се изврши петтата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци, информираат од Град Скопје.

Петтата фаза од терестричната (копнена) дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје ќе почне на 10.09.2019 година и ќе заврши најдоцна до 14.09.2019 година (од вторник до сабота), во периодот од 23 до 04 часот, наредниот ден, додаваат од Градот.

Се разбира, наведените термини важат доколку тоа го дозволуваат временските услови, а во спротивно дезинсекцијата ќе се врши првиот нареден ден со поволни временски услови.

- Реклама -