Во Бразил регистрираа бебе со тројца родители

Со уникатна пресуда за прв пат во Бразил судија од јужната држава Рио Гранде до Сул реши новороденче да биде регистрирано со тројца родители – две мајки и татко , соопштува BBC.

По одлуката на судот чинот на раѓање на детето содржи имиња на две мајки, татко и шестмина баби и дедовци.

До уникатниот случај доаѓа откако биолошките родители на бебето и долгогодишната партнерка на мајката побарале од судот да биде променет сертификатот за раѓање на детето и во него да бидат внесени и тројцата.

Жените имаат склучено официјално брак пред два месеци, а таткото е нивен пријател. Во мај 2013 година Бразил стана третата земја во Латинска Америка, која ги дозволи истополовите бракови, потсетува агенцијата.

Прочитајте и:  Роналдо сака да стане прв човек на бразилскиот фудбал и да го доведе Гвардиола за тренер

Двете жени, регистрирани како мајки на детето, имале четиригодишна врска пред раѓањето и побарале од нивен пријател маж да им помогне да имаат дете. Тој се согласил, но побарал во замена да биде признат како татко на бебето-девојчето било родено на 27 август.

Според судијата Рафаел Панон Кунја, и тројцата родители учествувале во текот на бременоста во подготовките за доаѓањето на детето.

„Да се ​​биде мајка и татко е првенствено положување на грижа и исполнување на обврски. Сигурен сум дека веројатноста тоа дете да биде среќно, е многу голема”, смета судијата.

Тој предвиде дека оваа одлука ќе отвори правни преседани низ Бразил.

- Реклама -