Мајка од Австралија чудесно родила споени близнаци со едно тело и две глави, и покрај тоа што докторите првично им кажале да ја терминираат бременоста.
Рене Јанг и нејзиниот партнер Симон Хоуи од Сиднеј, ги дочекаа нивните ќерки во четвртокот шест недели пред очекуваниот датум на пораѓање.
Двојката, која преку ултразвук дознале дека близнаците кои ги очекувале се всушност едно дете со симитрични лица и поврзани два мозоци со еден врат, велат дека докторите биле шокирани од исклучителниот напредок на девојчињата близнаци.
„Тие дишат и се хранат совршено самите“, изјавил г-дин Хоуи.
Девојчињата близнаци се родени со ретка состојба наречена diprosopus, која значи дека тие делат едно тело и витални органи, но имаат сопствени лица и мозоци кои се поврзани со еден врат.
Состојбата е толку ретка што до сега се регистрирани само 35 случаи и за жал никој не преживеал. Поради неверојатната компексна природа на нивната состојба, докторите не се сигурни за тоа што да очекуваат од состојбата на близнаците, па можат само да ги даваат своите прогнози од ден на ден. Но, и покрај свесните медијаните проблеми кои веројанто ги очекуваат, родителите (кои се родители на уште седум деца) се среќни што нивните близначки се живи и здрави.
Гордите родители на малите борци се подготвуваат за тежок напредок и одбиваат да кажат збогум предвреме.
Медицински факти за diprosopus состојбата:
Ретката состојба diprosopus е исто така позната како краниофацијално дуплирање.
Повеќето бебиња родени со diprosopus се мртвородени, и има помалку од 50 случаи документирани до 1864 година.
Протеинот е одговорен за сигнализација на diprosopus состојбата за време на ембријалниот развиток, и меѓу другото ја одредува ширината на лицето.
Diprosopus состојбата може да се детектира преку ултразвук за време на бременоста.
Една од првите индикации за состојбата е откривање на невообичаен висок износ на амнионската течност присутна во рамките на амниотичката торбичка.