Премиерот на Албанија, Еди Рама, вети дека ќе изгради суверена енклава во Тирана за Бекташиското исламско верско братство, по моделот на Ватикан, пишува „Њујорк тајмс“.
Според Рама, овој модел му овозможува на главниот град на Албанија да му предаде на Бектешискиот ред простор од 27 хектари земја со своја администрација, пасоши и граници, каде алкохолот ќе биде дозволен, а жените ќе можат да носат што сакаат, со што оваа енклава ќе стане најмалата земја, а на чело ќе биде верскиот лидер Баба Монди.
„Господ ништо не забранува, затоа ни даде мудрост“, рече муслиманскиот свештеник Едмонд Брахимај, познат на своите следбеници како – Баба Монди.
„Сите одлуки ќе се носат со љубов и љубезност“, додаде 65-годишниот Баба Монди, поранешен офицер на албанската армија на која милиони ширум светот му се обраќаат како Неговата Светост Хаџи Деде Баба. Тој е главниот водач на бектешите, шиитско суфиски ред основан во 13 век во Турција, но пред речиси еден век го преселиле своето седиште во Тирана, откако основачот на турската Република, Кемал Ататурк, ги забрани.
Рама изјави за NYT дека целта на новата држава е да промовира толерантна верзија на исламот „со која Албанија се гордее“.
Баба Монди го прогласи планот за државност за „чудо“ и изрази надеж дека САД и другите западни сили ќе го признаат суверенитетот на неговата земја доколку парламентот го поддржи планот на премиерот.