Во Африка запрено тестирањето на вакцината за ХИВ поради слабите резултати

Испитувањата на експерименталната вакцина за ХИВ во Уганда, Танзанија и Јужна Африка беа прекинати рано откако прелиминарните податоци покажаа дека вакцината нема да биде ефикасна во спречувањето на инфекцијата, изјави денеска главниот истражувач на програмата.

Тоа е последниот удар врз напорите да се најде ефикасна вакцина против вирусот, кој досега уби 40 милиони луѓе ширум светот. Уште 39 милиони живеат со ХИВ, а повеќето од нив се во Африка.

Испитувањето на вакцината, дел од пошироката иницијатива наречена PrEPVacc, започна во декември 2020 година со 1.512 здрави луѓе на возраст меѓу 18 и 40 години, а требаше да заврши во 2024 година.

МИА

- Реклама -