Во 2012 Земјата ќе биде погодена од масивна соларна бура (видео)

СонцеНаучниците од НАСА дошле до заклучок дека некаде во 2012 (или најдоцна до 2013) година, ќе се случи масивна соларна бура која ќе наликува на тие од 1859 и 1921, но ќе има далеку покатастрофални последици поради нашата зависност од технологијата.

Научниците од НАСА дошле до заклучок дека некаде во 2012 (или најдоцна до 2013) година, ќе се случи масивна соларна бура која ќе наликува на тие од 1859 и 1921, но ќе има далеку покатастрофални последици поради нашата зависност од технологијата.

СонцеСонцето е ѕвездата што ѝ дава живот на нашата планета, но по неколку милиони години, истото тоа ќе го заврши нејзиниот живот. Но, постои можност, поради сончевата активност, животите да ни бидат изменети засекогаш.

Иако НАСА официјално не ги признава наодите што излегоа во јавноста, за да се одбегне паниката во јавноста (која сигурно ќе настане во комбинација со евтините приказни претставени во повеќето филмови со тематика „2012“), никој не може да негира дека од 2006 па наваму, соларните опсерватории активно ја следат активноста на најблиската ѕвезда, притоа вклучувајќи и нови инструменти, за да се дознае колку што е можно повеќе за магнетното поле на Сонцето.

Земјата има силно магнетно поле кое ја штити од соларните бури и токму на овој факт се должи нејзината погодност за развој на живот. Но, бурата што се најавува за 2 до 3 години ќе има сила колку 100 хидрогенски бомби и ќе го пробие магнетното поле. Првпат такво нешто е забележано во 1859 година, а последен во 1921, кога целата телеграфска мрежа на планетава била онеспособена.

Прочитајте и:  Хабл откри повеќе црни дупки во раниот универзум отколку што се очекуваше

Според астрономот Дејв Ренеке, први на удар ќе бидат авио компаниите, комуникациските оператори и сите што користат GPS. Повеќе од сигурно е дека бурата ќе онеспособи некој од сателитите (ако не и повеќе од нив), како што тоа се случува и при помали бури. Тој шпекулира дека дури е можно, поради силината на бурата, истата да има влијание и врз електричните мрежи, што дефинитивно ќе предизвика општ хаос.

Директорот на одделот за хелиофизика во НАСА, д-р Ричард Фишер, изјавил дека ако денес се случи ваков настан, штетата би била некаде помеѓу 1 до 2 билиони долари (според американсиот систем трилиони), а целосното опораувување би траело од 4 до 10 години. Настанот би можел да се спореди со гром кој во исто време ќе удри насекаде. Затоа, неопходно е да се преземат превентивни мерки, што ќе ги минимизираат штетите.

Повеќе за Сонцето и неговата активност
{youtube}vSSs7-O5IqY{/youtube}
[Massive solar storm to hit Earth in 2012 with ‘force of 100m bombs]
[Amazing Image: Map of Magnetic Field Lines of the Sun]
- Реклама -