Внуката на Грејс Кели во пролетната кампања на Гучи

CharlotteCasiraghi-GucciForeverNow-Spring2013-03

Пред 47 години синот на основачот на модната куќа Гучи, Рудолф Гучи ѝ подарил марама со цветен принт на безвременската икона на актерството и принцеза од Монако, Грејс Кели.

Речиси половина век подоцна, 26-годишната Шарлот Касираги, внуката на Грејс Кели, станува заштитно лице на Гучи, а не изостанува ниту претстојнава сезона во капањата наречена „Сега и засекогаш“.

Шарлот позираше и со цветна марама која наликува на онаа на нејзината легендарна баба.

grejs

„Шарлот е современа икона на стилот која во себе ја носи елеганцијата на секое следно поколение од нивното семејство“, изјавил креативниот директор на Гучи додавајќи дека токму таа го раздвижила ДНК-то на модниот бренд.

Пролетната рекламна кампања била снимена пред објективот на фотографите Мерт Алас и Маркус Пигот.

keli

Примери на светски познати лица кои ја продолжуваат семејната традиција да бидат дел од шоу – бизнисот се и Кира Чаплин, внука на големиот комичар Чарли Чаплин, која позираше за Бенетон, како и керќата на фронтменот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер, која ја рекламира облеката на Вранглер.

 

 

 

 

 

 

 

 

- Реклама -