На кого му го препорачувате LinkedIn е од особена важност. На пример да го земеме Пакс Дикинсон, кој беше принуден да поднесе оставка од Business Insider во вторникот.
Тој беше онлајн главен шеф за технологија, се додека на Twitter не излезе неговиот лут говор. Неговите коментари кои вклучуваат вицеви за силување и непријателски ставови кон родовата нееднаквост доведоа до јавна осуда.
-Се е испреплетено. Што и да кажете јавно се гради како кумулативен збир на однесувања што води до вашиот углед. Не можете да кажете дека еден канал е посебен- вели Боб Пирсон, советник во дигиталната консултансткса фирма W20 Group.
-Нематолах Кашаниан, софтвер архитект во Њујорк, не мисли дека неговите весели препораки за Дикинсон би го повредиле него и неговиот кредибилитет. Тоа е така затоа што тој добива голем број на препораки. Но, исто така и кажа дека абразивниот говор на Дикинсон не е никакво изненадување.
Кашаниан сепак вели дека Дикинсон треба да земе во предвид дека неговата професионална позиција е јавна и да не дава такви коментари онлајн. Но, сепак Дикинсон не е сосема беспомошен. Бидејќи помина низ тешко искушение, тој доби голема подршка онлајн. Тој исто така лансира независен приватен проект, Glimpse кој ветува дешифрирање на фотографии.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk