Внимателно ако носите ланче на плажа: Жена ограбена во пренос во живо од атинска плажа (ВИДЕО)

Повозрасна жена остана без нејзиното ланче на атинска плажа откако во моментите кога се подготвуваше да влезе во море, непознато лице насилно и го извади од вратот и побегна, а сето тоа го сними грчката телевизија Скај за време на вклучувањето во живо за сосема друга тема,јави дописничката на МИА од Атина.

Додека новинарот е во преден план и се подготвува за линкот, само неколку секунди пред вклучувањето, кусо пред 7 часот утрово, во заднина се случува кражбата, додека на плажата има и други граѓани.

Жената во шок, за „Скај“ рече дека сè се случило многу брзо, а станува збор за скапо ланче со дебел крст.

- Реклама -