Внимание: Како се справувате со аерозагадувањето и што најмногу го загадува воздухот?

По почетокот на грејната сезона, Внимание ги прашува граѓаните на Скопје како се справуваат со аерозагадувањето. „Седиме дома и не искачаме“, „Не излегувам навечер многу“, „Дома седење, нема друго, нема излегување многу надвор“, „Се знае кој треба да се справи со тоа“, велат граѓаните.

На прашањето „Што најмногу го загадува воздухот – греењето на дрва, возилата, индустријата или нешто друго?“, граѓаните велат: „Греењето на дрва, фабриките, и оние луѓе кои што палат се и сешто“, „Индустријата, фабриките и возилата“.

Повеќето од граѓаните сметаат дека ќе дишеме подобар воздух ако не се грееме на дрва, туку на централно греење или на инвертери. Но, има и различни мислења: „Греењето на дрва не е толкав проблем колку што е палење на депониите, фабриките, возилата“, истакнува еден граѓанин.

Скопјани сметаат и дека ќе се намалеше ли аерозагадувањето, ако се оствареа ветувањата за 200 нови еко-автобуси и бесплатен превоз: „Па можеби. На пример, во Љубљана така е, во центарот само такви автобуси циркулираат уште одамна“.

На прашањето „Какви мерки треба да преземат властите против аерозагадувањето?“, скопјани велат: „Треба да преземат рестриктивни мерки“, „треба кампањи да се освестат луѓето да користат средства за транспорт поинакви, алтернативни, незагадувачки…“, „да престанат овие градења од сите страни, да има провев малку… да има строги казни…“, „да се дадат субвенции за клими, за пелети, значи има начин, само треба да си го направат тие што треба“ – зборуваат граѓаните.

- Реклама -