Доколку вашата врска се уште не е „разбудена“ од зимскиот сон, еве неколку совети како да ja размрдате и да ја обновите вашата љубов.
Повторно организирајте состанок со партнерот
Доколку во последно време сте се повеќе посветени на работата, но и на пријателите, време е малку да се реорганизирате и да обрнете поголемо внимание на вашиот партнер. Доколку вашата работна недела сепак не ви дозволува да направите исклучок, викендот задолжително резервирајте го само за вас двајца.
Присетете се на добрите стари времиња
Најдобро е да го извадите стариот заеднички фото-албум од полиците и заедно со вашиот партнер, да се присетите на сите смешни, но и романтични моменти. Слушајте ги омилените заеднички песни или посетете го вашето омилено кафуле каде се одвиваа вашите почетоци. Нема ништо подобро за обновување на страста од потсетувањето на среќните моменти.
Обновете ја романсата
Во сите врски, а посебно во оние долгите, неопходно е партнерите да разменуваат малку повеќе нежности како би првенствено избегале од чувството на стрес, а притоа би ја зацврстиле нивната врска и би внесле малку повеќе романтика.
Искажувајте си ги чувствата
Иако се подразбира дека го сакате вапиот партнер, никогаш не е на одмет тоа да му го кажете од време на време. Порака на огледалото или натпис на салфетката покрај тањирот со јадење секако ќе ја зачини вашата романса.
Доколку сакате вашата врска да биде свежа и пролетна како сончевите денови кои ни претстојат, не ја пропуштајте приликата да го искористите секој момент и на вашата најдрага личност да и приредите ситни задоволства.