Внесете креативен печат и освежете ги старите ракавици

Во гардеробата секогаш има пар стари и здодевни ракавици кои ниту сакаме да ги носиме ниту пак да ги фрлиме.

Ако сепак се одлучите да ги зачувате, ви нудиме неколку идеи како да ги освежите.

Ракавици со мали бисери

rykavici-rukavici-(1)-155674-500x0

Доколку имате пар обични еднобојни ракавици , можете лесно да прешиете мали бисери врз нив. Наједноставната опција е да користите бисери идентични по големина, од најмалите. За поголемите ентузијасти ќе понудиме да користат различни бисери, кои што ќе бидат аранжирани.

Ракавици со шарени камчиња

rykavici-rukavici-(1)-155675-500x0

Оваа идеја ќе им се допадне на оние од вас кои не се многу вешти и ги избегнуваат иглата и конецот. Потребни ви различни шарени камчиња , кои се рамни од едниот крај, и  лепило . Ставете неколку капки од лепилото на секое камче и подредете ги по свој вкус.

Ракавици со апликација срце

rykavici-rukavici-(2)-155671-500x0

Нема како да го одбележите покреативно претстојниот празник на љубовта. Ако сакате и ракавиците ви да емитуваат романтика, ставете им апликација – срце. Со помош на шаблон исечете срце . Користете дебел и контрастен конец, пришиете го срцето отстрана на ракавицата така што едната половина на срцето ќе лежи на долната страна на дланката, а другата – од долната.

Ракавици со чипка

rykavici-rukavici-(1)-155672-500x0

За да ги освежите старите ракавици, секогаш можете да земете чипка и да ја пришиете за должината и ширината на ракавица. Оваа опција е погодна повеќе за ракавиците без прсти.

Ракавици со 3D ефект

rykavici-rukavici-(2)-155676-500x0

Ако сакате ракавиците да оставаат впечаток, можете да им пришиете волуменски украс. Ако сте вешти можете да ги изработите сами. Ако не, можете да ги купите подготвени од специјализираните продавници . ошијте го елементот го на долната страна, па шевовите да не се забележуваат. Оваа идеја е опуштена и весела и се комбинира многу добро со шарени ракавици .

Осбено соодветни се за ракавиците не детето, бидејќи можете да ги сошиете неговите анимирани херои.

- Реклама -