Црната боја и не е баш најпопуларна кога станува збор за елементите и деталите во домот, но тоалетот е единственото место каде може да прилега совршено. Правилно искомбинирана, црната боја може да изгледа навистина драматично и елегантно во исто време. Сепак, доколку ви е во план да ја употребите, секогаш треба да имате во предвид дека таа е доминантна и да бидете претпазливи колку е доволно. Најдобро оди во комбинација со бела боја, и убави мали светилки или ламби.