Внатрешноста на германска подморница SM UB-110 од Првата светска војна

По само една година помината во конструкција, SM UB-110 била лансирана на 1 септември 1917 година во Хамбург, под водство на капетан Вернер Фурбрингер. Како и сите други Type UB III подморници, UB-110 носела 10 торпеда и била вооружена со 8.8-сантиметарски површински автомат. Носела екипаж од тројца офицери и 31 луѓе. Можела да помине до 7.420 наутички милји (13.740 километри), а моторите ѝ овозможувале да патува со 13.3 јазли (24.6 км/ч) кога е на површината, и 7.4 јазли (13.7 км/ч) кога е под вода.

Била потопена на 19 јули 1918 година, од британскиот воен брод на кралската морнарица – HMS Garry, под команда на Чарлс Лајтолер. SM UB-110 се смета за веројатно последниот германски U-boat потопен во Првата светска војна. Најпрво била погодена со подводна мина, потоа удрена (откако испливала), а потоа потонала.

^ Четирите торпеда на UB-110.

^ Електричната контролна соба (исто и на следната фотографија).

^ Третиот дел на подморницата, со шкафчиња за екипажот.

Собата со торпеда, гледана фронтално.

^ Делот со кревети за екипажот (лево) и делот за „дневен престој“ (десно).

^ Лево: Собата за торпеда. Десно: Вентили за температура на воздухот и воздушниот притисок.

^ Лево: Контролната соба. Видливо е и окното за перископот, како и разни вентили за поплавување и истиснување воздух. Десно: Видливи се вентилите за кревање и спуштање на перископот.

Патем (ако ви се чита), еден интересен дел околу потопувањето:

Во поствоените мемоари, капетанот на SM UB-110 Фурбрингер пишува дека по потопувањето, HMS Garry допловил до невооружениот екипаж на подморницата, а британските морнари почнале да пукаат со револвери и пушкоавтомати за да ги докрајчат. За време на масакрот, Фурбрингер (кого очигледно го поштедиле за да го земат како воен заробеник) видел како на 18-годишен член на неговиот екипаж му бил расцепен черепот од парче јаглен фрлено од британски морнар од HMS Garry. Кога пак се обидел да му помогне на еден друг офицер да плива, тој му рекол: „Остави ме да умрам во мир. Свињиве (за Британците) и онака ќе нé убијат“.

- Реклама -