ВМРО-НП: Бараме правична застапеност на Македонците во 100-те најпрофитабилни компании

Пред владата да субвенционира работни места по етничка основа, како што предлагаат одредени политички партии, треба прво да се обезбедат два податока, односно да се проверат два параметра; да се направи попис и точно да се утврди кои се етничките малцинства во Македонија на кои би се однесувал предлогот, и дали можеби застапеноста на Македонците е падната под 50%, порачуваат од ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски.

„Кога веќе ја цепкаме Македонија по етничка линија, сакаме владата да ја информира јавноста за тоа кои се сопствениците на првите 100 најпрофитабилни фирми во Македонија по национален состав. Ние сме длабоко уверени дека македонската нација учествува со многу мал процент во првите сто најпрофитабилни фирми, а ако се потврди тоа, ќе бараме со закон да им се овозможи на Македонците да бидат сопственици според процентуална застапеност“, велат ВМРО-НП.

- Реклама -