ВМРО-ДПМНЕ: Организацискиот директор на Клиниката за нефрологија до последен момент реализира тендери или полни џебови

На Клиниката за нефрологија раководството се спрема за заминување или организацискиот директор до последен момент по секоја цена треба да реализира тендер за молерисување ѕидови, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од комисијата за здравство на владејачката партија обвинуваат дека и денеска, за време на викенд, на клиниката се молерисуваат ѕидовите кои веќе биле молерисани пред извесен период.

„За која фирма станува збор, за каква набавка, што сè опфаќа набавката и за која сума? Дали се безбедни пациентите? Дали се постапува по процедурите предвидени со закон и дали се испочитувани насоките на Инспекторатот во вакви случаи?“,

наведуваат на Фејсбук од комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Новиот министер за здравство Арбен Таравари веќе направи неколку директорски смени на клиниките и најави дека од понеделник ќе има нови назначувања, а што се однесува до економските – најавите се дека до крајот на неделата ќе бидат разрешени сите.

- Реклама -