„Дали Венко Филипче криел имот и заборавил што пријавил во 2018 година? Колку уште имот криве Филипче? Ако се собере вредноста на недвижниот имот на Филипче од 2018 и 2024 година се доаѓа до сума од над 1,3 милиони евра“, вели Марија Митева, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ
Ако се погледнат двата анкетни листови на лидерот на СДСМ Венко Филипче од 2018 и 2024 година, ќе се дојде до едноставен заклучок дека имотот што го поседува е стекнат пред 2018 година, но не го пријавил кога станал министер. Имотот, пак, што го пријавил во 2018 година не го пријавил сега, а не пријавил ниту остварени приходи од продажба. Ова го изјави денеска на прес-конференција Марија Митева, портпаролката, пратеничка и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека СДСМ и Филипче повеќе од 48 часа молчат за неговите пет стана во Скопје, кои по шест години откако стана функционер сега пријавува дека ги поседува.
„Недвижниот имот кој Филипче го пријавил во 2018 година, а сега го нема е над 600 илјади евра. Каде е имотот, а ако го продал, зошто не ги пријавил парите. Апелираме до Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да отвори предмет и Јавното обвинителство да поведе постапка за Филипче. “,
вели Митева.
Според неа, недвижниот имот што Филипче го пријави во 2024 година, а е стекнат пред 2018 година може да се процени на над 700 илјади евра.
„Дали Венко Филипче криел имот и заборавил што пријавил во 2018 година? Колку уште имот криве Филипче? Ако се собере вредноста на недвижниот имот на Филипче од 2018 и 2024 година се доаѓа до сума од над 1,3 милиони евра“,
реече таа.
Порача дека институциите не смеат да останат неми, а Филипче и СДСМ наместо да молчат да почнат да даваат одговори.