По 65 години штедење и собирање, еден 81-годишник вложил 226 килограми железни пари во локалната банка. Неколкуте кофи биле полни со монети од 1 цент во вкупна вредност од 816$, а на банкарот задолжен за депозитот му бил потребен повеќе од еден час за да ги изброи.
Ира Кејс од Тексас вели дека престанал да троши ситни во 1952-та, на 17-годишна возраст, откако татко му го советувал;: „Што и да правиш сине, штеди ги парите“.
„Кога почнав во ’52, немав многу пари, па штедев ситни и едноставно почнав да ги собирам“, вели Кејс.
Банкарот Кари Луис со воодушевување зборува за овој импресивен депозит: „Ги земаме ситните пари здраво за готово. Ги гледате на земјата и велите „Нема шанси, не се наведнувам да ги земам“. Тоа што тој ги собирал со години и години е за секоја почит“.
Но, тоа не е се, буквално. Ира се уште има килограми и килограми центи на залиха. Сепак, тој признава дека вложил повеќе од половина и дека за следниот депозит веројатно ќе нема толку многу парички како сега.
Е така, а вие пак срамете се.