Се влошува здравствената состојба на Бојан Јовановски-Боки 13, Слободен печат дознава од неговиот адвокат Сашо Дуковски дека на Боки 13 има проблем со левиот бубрег, претходно беше побарано од судските власти притворот да му биде заменет со домашен притвор поради нарушено здравје но барањето беше одбиено.
–„Секој ден здравствената состојба му е се покомплицирана. Урината му е кафеава. Вчера стражарно беше спроведен на ректоскопија. На 20 овој месец му е закажана колоноскопија за која претходно треба да е на посебен режим. Нема што не му е. Кога лежи желудочната киселина му оди право во белите дробови. Може да yмpe за 15 минути. Јовановски нема желудник и за тоа има 10 лекарски мислења дека треба да биде хоспитализиран“– вели неговиот адвокат Сашо Дуковски.