Влијанието на лошите животни навики може да се контролира со примена на подобри алтернативи

Правилна исхрана, умерена физичка активност, квалитетен сон, отсуство на стрес, избегнување шеќер, умерена употреба на алкохол, престанок со пушење цигари, преминување на помалку ризични алтернативи, се само дел од навиките кои можат да влијаат на намалување на бројот на пациенти и смртни случаи од најчестите масовни незаразни болести како што се кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, респираторни проблеми…

Кога зборуваме за лошите животни навики, мора да бидеме искрени и да кажеме дека на сите нас најтешко ни е целосно да ги отстраниме од нашите животи. Јадењето храна богата со масти и шеќери, пушењето, трошењето премногу време на социјалните мрежи, консумирањето алкохол… не само што обезбедуваат индивидуално чувство на задоволство, туку нивниот ефект го засилуваат и одредени социјални навики, односно ритуали кои се составен дел на „уживањето“. Тоа секако ни ја отежнува намерата трајно да ги „отстраниме“ од секојдневието. За такво нешто потребна е силна дисциплина и доследност, па дури и создавање на сосема нови обрасци на однесување. Ова се причините зошто повеќето луѓе се откажуваат од промените или не се ни обидуваат.

Решението лежи во примената на помалку штетни алтернативи

Доколку штетата е веќе предизвикана од штетна навика, би било идеално да се преземат мерки за целосно отстранување на оваа навика, а доколку поради некоја причина тоа не е можно, може да се смета дека, во консултација со експерт, штетата се намалува со усвојување на алтернативен, помалку штетен модел, во согласност со постоечките научни факти и докази.

Современата наука и медицина го препознаа решението за горенаведените „предизвици“ во глобалниот принцип на „намалување на штети“, кој се заснова на принципот на одржливост и ефикасност, се со цел постојана заштита на нашето здравје. Имено, во овој случај одржливост подразбира примена на техники и методи на здравствена заштита кои се реални од аспект на прфатливост во секојдневниот живот и на подолг временски период. Ова ги зголемува шансите за успех. Тука доаѓаме до суштината на концептот за намалување на штети, односно примената на помалку ризични алтернативи во ситуација кога не можеме целосно да го елиминираме однесувањето кое е штетно за нашето здравје.

Науката и новите технологии како сојузници во здравствената заштита

 Напредокот на науката и технологијата им овозможи на општествата да ги намалат штетните ефекти и ризиците од одредени однесувања. Намалувањето на штетата не е подобро од запирање или целосно менување, но подобро е од продолжување на првобитното однесување. Ова подразбира прагматичен и рационален пристап, заснован на научни истражувања и докази. Луѓето ширум светот сè повеќе обрнуваат внимание и постојано ги применуваат овие решенија во различни аспекти од животот. Врз основа на проверени информации и благодарение на достапните иновации, научни и технолошки решенија, поединецот денес може да го поправи своето однесување и да избере подобри или помалку штетни опции за себе или за својата околина. Токму тоа е суштината на овој концепт кој им помага на луѓето, ширум планетата, да направат промени на индивидуално ниво кои значително ќе им го подобрат животот и позитивно ќе влијаат на нивното здравје

Извор