Што најмногу влијае на машката сексуалност?

Пикoт на сексуалната активност кај мажите е забележен на возраст од 16-20 години. Кај жените, се следи постепен пораст на сексуалната активност до 50-55 година, по што настапува пад.

Намалување на машката сексуална функција е поврзана со намалената содржина на хормонот тестостерон, што од своја страна е знак за нормално одвивање на процесот на стареење. Но, тоа не значи дека овој процес е неповратен и дека сексуалната функција не може да се поврати.

Огромната разлика меѓу потентноста на момчето и мажот на просечна возраст се состои во тоа што кај младиот човек потентноста предизвикува возбуда, а кај мажот на средна возраст возбудата ја зголемува потентноста.

Редовниот сексуален живот ја оддржува сексуалната активност до постари години. Според истражувањата, мажот со натпросечна возраст практикува секс 1 до 6 пати неделно.

Нормални промени кои произлегуваат со возраста

Возраста нема големо влијание на сексуалниот потенцијал кај жената. Но, кај мажите со текот на годините можат да се јават следниве промени:

  • Намалување на еластичноста и големината на пенисот за време на ерекција;
  • Зголемување на времето за постигнување на ерекција;
  • Отапување на чувството за приближување на ејакулацијата;
  • По оргазам е потребно повеќе време за постигнување на наредна ерекција.
Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Влијанието на придружните болести на сексуалната функција на мажот

Ниту една болест не води до потполно губење на сексуална активност. Болестите на кардиоваскуларниот систем, како и преживеаниот срцев удар провоцираат многу мажи да се откажат од сексот од страв дека тоа ќе предизвика нов срцев удар. Тоа е заблуда, но сепак за продолжување на сексуалната активност е задолжителна консултација со специјалист.

Дијабетесот е меѓу болестите кои водат до загуба на потентноста, доколку навремено не се дијагностицира и не се контролира текот на болеста.  Лекови од групата на антидепресиви или средства за намалување на крвниот притисок исто така можат да доведат до губење на потентноста. Други лекови можат да доведат до недостаток на ејакулација или отсуство на сексуална желба. Важно е да се знае дека сите овие процеси се реверзибилни.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -