Српските медиуми влегоа во куќата на „Големиот брат“, и дознаа какви тешки и злобни задачи се подготвуваат за станарите кои ќе се вселат утре и задутре, и ќе се обидат да останат сите 100 дена и да освојат 100.000 евара.
Една новинарка која ја посети куќата изјави: „Поминав еден час во куќата на „Големиот брат“ и не знам како би можела да издржам 100 дена“.
По пречекот на новинарските екипи од Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска и Македонија и презентацијата на куќата, продукцијата на „Големиот брат“ изјави дека за гледачите гарантираат добра забава и многу смеа.
– Скандалите не се она што ни е потребно, туку многу хумор, па на тоа се насочивме и кога ги биравме учесниците- рекоа од продукцијата на шоу програмата.