Времето на политичките игри заврши! Коалицијата ВЛЕН нема да стои со скрстени раце додека опозицијата и нејзините тивки сојузници се обидуваат да ја запалат искрата на меѓуетничките поделби за да се спасатод својата политичка корупција.
Доста е со манипулации и провокации!
Главен покровител на законот за бранители е ДУИ, а душегрижникот Блерим Беџети, заедно со Данела Арсовска и Левица, го донесоа Андон Лазов Јанев Ќосето во Скопје.
Нека го прашаат Талат Џафери, кој со новиот деловник овозможи да се испровоцираат вакви ситуации.
Исто така, нека го праша Артан Груби како се случи, надвор од секоја логика да обештети четири „бранители“ со 30 илјади евра!
Законот влезе во процедура затоа што според новиот деловник, нема можност да не се стави на дневен ред закон предложен од пратеник, Влада или кој било што има право да предложи закон.
Опозициската СДСМ уште еднаш покажа дека нема намера да гради заедничка иднина за граѓаните,
туку да ги отвора раните од минатото за ниски политички придобивки.
А ДУИ, продолжува да ја игра својата старо-нова игра, насочена кон одвлекување на вниманието од своите криминали.
Во знак на протест против оваа ниска и неодговорна стратегија, нашите пратеници од Коалицијата ВЛЕН ја напуштија седницата. Нашата порака е јасна: нема да дозволиме Собранието да стане арена на
манипулации и поделби. Законите што имаат за цел да го поделат албанскиот народ и да го одржуваат во живот корумпираниот систем, немаат место во нашата агенда!
Тука сме за да го браниме правото на албанскиот народ и да бараме сеопфатно решение за сите рани од минатото, вклучително и статусот на поранешните борци на ОВК.
Нема да дозволиме ваквите прашања да се користат за прикривање на неуспесите и злосторствата што се направени врз нашиот народ.
ВЛЕН