Власта е посилно оружје од парите

Дали во секој од нас се крие по еден мал Френк Андервуд?

House-of-Cards-2156601

Навраќајќи се назад, кон почетокот на серијата „Куќа од карти“, Френк Андервуд (Кевин Спејси) објаснува зошто власта е посилно оружје од парите:

„Парите се како палата во Сарасота што почнува да се распаѓа по 10 години. Власта е стара камена зграда, која издржува низ вековите. Не можам да ги почитувам луѓето кои не ја забележуваат оваа разлика. “

Но ако дојдете до власт, таа може на чудни начини да влијае врз вашата перцепција за околината и за самите вас. Еве како:

1. Влијателните личности се инспирираат повеќе од самите себе, отколку од околината

Ова го укажува ланското истражување на Гарбо А. Ван Клееф од Универзитетот во Амстердам, спроведено меѓу 140 студенти. Учесниците, кои се согласуваат со тврдењето „Можам да натерам било кој да го прави она што јас го сакам” , се поинспирирани додека говорат за своите животни искуства, отколку тогаш кога ги слушаат оние на другите луѓе.

Според блогерот од Research Digest , Алекс Фрадера, овие резултати зборуваат за самодоволност.

„Моќните луѓе не очекуваат од околните да ги задоволуваат нивните потреби, поради што не сметаат дека нивната околина е достоен извор на инспирација”, пишува тој.

2. Влијателните личности се повеќе склони кон акција и решенија

Според една студија од 2003 година на психологот од Универзитетот Колумбија, Адам Галински, моќните луѓе се повеќе склони да преземат иницијативи и да преземат акција побрзо од своите врсници.

Во свој труд од 2012 година, Џенифер А. Витсон од Универзитетот во Тексас објаснува зошто е тоа така:

„Лицата кои се на власт потешко ги доживуваат и паметат препреките кои стојат меѓу нив и нивните цели.”

Во таа смисла тие личат на орлите и алигаторите, чии што очи не се толку раздвоени едно од друго.

„Погледот на предаторите е фиксиран врз нивната жртва. Од оваа причина, тие имаат многу мал визуелен опсег на непредвидена опасност и потенцијалните закани кои демнеат во нивната околина “, пишува Витсон. “Овој директен и сосредоточен поглед им помага да се нафрлаат врз појадокот.”

Истото се однесува и за извршните директори.

l

3. Лицата на власт се повеќе склони кон неверство

Општо земено, мажите не се посклони кон вонбрачниот секс од жените. Според една студија од 2011 година на Џорис Ламерс од холандскиот Tilburg University , поправилно е да се направи таква споредба меѓу моќниците и сите останати.

Екипата на Ламерс анкретирала 1561 работници во врска со нивното место во хиерархијата на компаниите во кои работат, како и за проневери во минатото или интерес кон вонбрачни односи.

„Резултатите покажуваат дека влијанието е поврзано со неверството, бидејќи тоа ја зголемува довербата во способноста за привлекување на партнерот” , пишуваат научниците. „Оваа поврзаност се среќава како кај луѓето, кои изневерувале, така и кај оние кои имаат желба да го направат тоа. “

Излегува дека – спротивно на општоприфатените сфаќања – полот не е важен. Највлијателните жени се подеднакво склони кон тајни врски, колку и највлијателните мажи. Само што позициите на власт се подостапни за посилниот отколку за понежниот пол.

„Како социјален психолог верувам дека ситуацијата во која се наоѓа човекот е поголем фактор од неговиот карактер”, вели Ламерс. „Со зголемувањето на бројот на моќните жени и изедначувањето меѓу половите, познатите сфаќања за нивното однесување, исто така, ќе се променат.”

4. Лицата на власт се чувствуваат дистанцирани од околните

Според Џо од Њујоршкиот универзитет и Памела Смит од Калифорнискиот универзитет во Сан Диего, влијателните поединци се чувствуваат социјално дистанцирани од останатите поради неколку причини:

– Луѓето се зближуваат, кога се „симетрично зависни“ еден од друг и комуницираат периодично. Вие и вашиот шеф не сте симетрично зависни – вие зависите повеќе од одобрување од својот работодавец, отколку тој од вашето. Затоа пак сте рамноправни со своите колеги, затоа со нив е поверојатно да изградите поблиски односи;

– Студиите покажуваат дека моќниците немаат потреба да комуницираат со другите на начин кој е потребен за повеќето од нас;

– Највлијателните личности морале да мислат поапстрактно и да се занимаваат повеќе со реализација на цели, отколку со градењето на односи.

Излегува дека изолацијата е резултат на социјалната позиција, во која власта ги става луѓето, како и од потребата за постигнување на резултати.

- Реклама -