Владици на МПЦ-ОА хоспитализирани поради Ковид-19

Владиката Петар потврди дека тој и Владиката Агатангел се на болничко лекување во Систина откако добиле позитивен тест на ковид-19.

Во изјава за „Сител“, Владиката Петар открива дека не бил на кислородна поддршка, иако веќе 20-ти ден е во болница, од 23 март, кога бил примен превентивно, поради можни компликации. Сега се чувствувал добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома.

Според неговите информации, во стабилна здравствена состојба е и повардарскиот митрополит Агатангел, кој исто така бил хоспитализиран пред некој ден.

Владиката Петар воедно испраќа и порака до верниците за сериозноста на вирусот.

 

- Реклама -