Владата препорача Јавното претпријатие за патишта да обезбеди механизација за уривање на дивоградбата кај „Мавровка“

Владата на Република Северна Македонија, на својата прва владина седница одржана денеска, донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ „Мавровка“, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства, информираше премиерот Зоран Заев.

Во рамките на оваа одлука Владата им препорачува на Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски и да склучат Договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти.

По исполнување на обврските од договорот, Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патиша, во рок од 7 дена, се задолжени да подготват и до Владата на Република Северна Македонија да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката.

- Реклама -