Шпекулациите околу преименувањето на националната арена „Филип II Македонски“ се потврдија. На денешната 120. владина седница, одлучено е стадионот да добие ново име. Веста ја соопшти владиниот портпарол Миле Бошњаковски на Твитер.
Новото име ќе гласи, како што впрочем и се шпекулираше – „Национална Арена Тоше Проески“, а во чест на, како што објаснува Бошњаковски, личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја.
Утрово на редовната 129 #седница на @VladaMK донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална Арена Тоше Проески, во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја.
— Портпарол на @VladaMK (@portparolVRSM) April 9, 2019
На стадионот ова ќе му биде четврто име. Прво се викаше „Градски стадион“, па во 2009-та беше преименуван во „Национална Арена Филип Втори“, а во 2016-та и 2017-та, додека траеше спонзорството со „Телеком“, беше викан „Телеком Арена“.