Иако во јавноста сериозно се шпекулираше дека 2 и 7 мај ќе бидат неработни денови, 2. мај (четврток) поради спојување со Денот на трудот – 1. мај, а 7. мај (вторник) поради посетата на Папата Франциско, на денешната 131. редовна владина седница Владата на Република Северна Македонија ја расипа забавата. Според информациите на „Вечер“, на седницата веќе паднала одлуката овие денови да бидат работни.
Што се однесува до Велигденските празници, Владата го потврди 26. април (Велики Петок) за неработен за граѓаните од православна вероисповед, а 29 април (втор ден Велигден) за неработен за сите граѓани на Република Северна Македонија.