Владата го усвои предлогот за намалување на ДДВ-то на струјата

Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ-то за електрична енергија за домаќинствата, соопшти на Фејсбук министерот за финансии Фатмир Бесими.

Според измените, ДДВ-то за електрична енергија ќе се намали од 18% на 5% за периодот од 1 јули годинава до 30 јуни 2022, и на 10% за периодот од 1 јули 2022 година до 30 јуни 2023 година.

Како што истакна Бесими, целта е да им се помогне на домаќинствата во транзициониот период на либерализација на пазарот на електрична енергија и, притоа, да се одржи пониска цена на струјата.

- Реклама -