Владата и амбасадата ги извисиле за Самитот на НАТО: Новинари си купиле авионски карти, останале без визи

Група новинари од Македонија, кои било планирано да го следат Самитот на НАТО, веројатно ќе си останат дома со купените авионски билети, бидејќи не ги добиле потребните визи и воопшто нема да можат да патуваат за Лондон, каде што се одржува самитот, објави „360 Степени“.

Како што пишува порталот, авионскиот превоз бил планиран на трошок на редакциите, а трошоците за сместувањето во Лондон требало да ги покрие Владата, но организацијата чекала „5 до 12“. Новинарот Назим Рашиди од „Алсат“, која за разлика од својот колега снимател исто така ја нема добиено визата, смета дека Владата не се ангажирала доволно за да организира групно аплицирање, а истовремено вина гледа и во Амбасадата. Повеќе детали, заедно со поплаките на новинарите, прочитајте ТУКА.

 

- Реклама -