Влада: Oбезбедуваме по 11 илјади денари К15 за над 84 илјади вработени во администрација

„Иако претходната Влада не предвидела средства за исплата на К15 во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата“, соопштија денеска од Владата.

Како што велат од секторот за односи со јавност, со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К15. Исплатата, посочуваат, ќе биде најдоцна до декември оваа година.

„Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените. Со овој пакет К15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата. На овој начин Владата покажува конкретна грижа за секој еден вработен во исполнување на нивните права“, се додава во соопштението.

- Реклама -