Со цел поголемо почитување на мерките и намалување на потребата од воведување нови рестрикции, на вчерашната 44-та владина седница, Владата го задолжи Министерството за правда да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила во која правно ќе се нормира начинот и изрекувањето на мандатни казни, како и висината на истите.
Како што информираат од Владата, ќе се прави фотографска документација од местото каде граѓанинот е затекнат, а кaзните ќе важат за сите физички и правни лица кои нема да ги почитуваат одлуките, мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија кои се однесуваат на групирање на јавни места и површини на повеќе од две лица и за непочитување на минимум потребното растојание од два метри и неносење на заштитна опрема.
Групирањето над 5 лица, пак, ќе се смета за кpивично дело и ќе има кpивична одговорност, велат од Владата.