Вкусно: Карфиол во сос од млеко

Одличен како прилог со месо, а за љубителите на карфиол како комплетен оброк.

– Свежиот карфиол се мие и се сечка на помали цветови.

– Во тенџере се става вода и сол да зоврие, а потоа се додава карфиолот, се намалува температурата и се вари околу 10 минути, односно малку да омекне, па се вади настрана и се цеди.

– Во тавче се става малку масло и брашното, се запржува на тивок оган се додека брашното да порумени.

– Потоа се става мешан сув зачин, по желба црн пипер и постепено се додава млекото цело време мешајќи. Се добива густ млечен сос кој се крчка на тивко.

– Се додава исцедениот карфиол, се меша со сосот и ако е многу густо може да се додаде уште малку млеко.

– На тивко се крчка уште некое време, а пред јадење се наросува сечкан свеж магдонос и зачини по вкус.

СОСТОЈКИ

- Реклама -