Вкусно и брзо тирамису

Овој рецепт, можете да го поробате уште денес, а потребни ќе ви бидат 15 минути:Состојки:

● 4 жолчки
● 100гр шеќер во прав
● 500гр меко сирење (маскарпоне би било идеално)
● 250мл слатка павлака
● 2 поголеми пакувања пишкоти
● 2.5дл варено погусто црно кафе
● малку рум
● 100гр какао во прав

Подготовка:

Сматете ги жолчките со шеќерот во прав и гответе на пареа додека смесата да се згусне. Кога смесата ќе се олади додадете го сирењето и повторно матете. Посебно сматете слатка павлака, па кон тоа додадете ја и претходно направената смеса и повторно матете со миксер.

Пишкотите натопете ги во процеденото црно кафе во кое претходно сте го додале румот и наредете ги на тацна. Над нив ставете го филот, па повторно натопени пишкоти и остатокот од филот. На крајот наросете какао во прав.

- Реклама -