Вкусна тава: Teстенини со зеленчук

Сочно и вкусно јадење од рерна, збогатено со тиквички и домат.

Состојки:

350 г. тестенини

сол

тиквичка

2 домати

2 чешиња лук

300 г. свеж крем сир

300 мл. слатка павлака

300 мл. млеко

4 јајца

бибер

125 г. рендан кашкавал

Подготовка:

1. Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето, исцедете ги, имијте ги со ладна вода и добро исчистете ги.

2. Тиквичките и доматот исчистете ги и исечете ги на кругчиња дебели околу 1/2 см. Ситно исецкајте го лукот. Измешајте ги крем сирот со павлаката, млекото и јајцата. Посолете, побиберете и измешајте го и лукот.

3. Загрејте ја рерната на 200 степени. Измешајте ги тестенините со доматот и тиквичките, па сипете ги во сад за печење. Прелејте ги со мешавината од млеко и изрендајте кашкавал. Печете околу 45 минути.

- Реклама -