Вкусна солена торта од тестенини

Време е да внесете разноликост во вашата кујна. Подгответе тестенини на малку понеобичен начин. Направете солена торта која освен што изгледа прекрасно има феноменален вкус. Добар апетит.


Состојки:

400 г тестенина по желба
400 г мешано мелено месо
1 главица кромид (ситно сечкан)
малку масло за готвење
малку вегета, сол, црн пипер
3 лажици путер (маргарин) (за бешамел сос)
3 лажици брашно (за бешамел сос)
700-800 мл млеко (за бешамел сос)
малку вегета, сол, црн пипер (за бешамел сос)
2 јајца (за бешамел сос)
малку кашкавал


Подготовка:

1.Тестените сварете ги според упатството на кесичката. Исцедете ги и префрлете ги во калап за торта. Доколку калапот не е тефлонски, премачкајте го малку со маргарин. Доколку не ги посоливте при варењето, сега малку посолете ги.

2.Во меѓувреме, на малку масло за готвење, запржете го кромидот и меленото месо. Зачинете по желба.

3.Во друг сад, погответе го сосот. Растопете го путерот, додадете го брашното и постојано мешајте. Внимателно сипете го млекото, зачинете и омешајте се додека не ја добие потребната густина..

4.Бешамел сосот тргнете го настрана, оставете го малку да се олади и додадете ги јајцата. Добрo измешајте.

5.Врз сварените тестенини, истурете половина од бешамел сосот.

6.Одозгора, ставете го целото изпржено меленото месо.

7.Истурете го остатокот од бешамел сос и наросете со рендан кашкавал.
Испечени макарони 8.Печете во загреана рерана, на 200 степени, околу 20 минути. Тората оставете ја малку да се олади, отворете го калапот и сервирајте.

виа

- Реклама -