1. Неколку часа пред да се прават мафините, сувото грозје се става во вода да го покрие, во подлабока чинија.
2. Му се додава ликерот и ванилата, се промешува и се остава да набубри.
3. Маргаринот, путерот од кикирики и шеќерот се матат први.
4. Потоа се додаваат едно по едно јајцата и после секое се мати.
5. Потоа се додава јогуртот.
6. Се проматува уште еднаш, па се додава брашно, пециво и густин.
7. После нив се додаваат набубреното суво грозје и кикириките.
8. Се мати со миксер се, да се соедини.
9. Калапот за мафини се намаслува и во него се редат корпиња за мафини.
10. Корпињата се полнат до пола со смесата. Одозгора се посипуваат малку со мешавина од мелени кикирики и ореви (по желба).
11. Се печат на 180 степени во слабо загреана рерна 15-20 минути.
12. Проверуваме со чепкалка дали се испечени.
13. Се ладат пред да се послужат. На здравје!