Vivo Xplay 3S смартфонот со најдобар екран ставен на тест

Vivo Xplay 3S официјално е најдобриот смартфон во светот кога е во прашање квалитетот на екранот бидејќи поседува феноменален 6 инчен 2K HD дисплеј кој има рекордна резолуција од 1440 x 2560 пиксели. Ваква технологија се очекуваше и кај Samsung Galaxy S5 но, таа изостана па затоа да ги видиме првите тестови со Vivo Xplay 3S и колку тој навистина вреди.

Први кои имаат можност да го користат Vivo Xplay 3S се купувачите во Кина откако е лансирана првата пратка од само 1000 примероци. Сајтот GizChina ја објави и првата рецензија според која дисплејот на Vivo Xplay 3S е навистина фантастичен но, голем бенефит од високата резолуција нема да имате при гледање на видеа кои најчесто се во HD формат од 720p или 1080p.

Дисплејот има одлични резултати при зумирање и читање на текстови и електронски содржини но, како што наведуваат од GizChina разликата со Full HD екраните и не е така голема. Од GizChina се многу задоволни и од стеро звучниците кои се сместени на задната страна.


Vivo Xplay 3S покрај со одличниот екран може да се пофали и со квалитетна 13 мегапикселна камера, брз четири-јадрен процесор и батерија со капацитет од 3200 mAh. Цената на Vivo Xplay 3S во Кина изнесува 600 долари и наскоро ќе биде промовиран и на интернационално ниво.

Текстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk

- Реклама -