Во последно време манијата да се прават тенки телефони станува се поголема, а веќе неколку дена имаме нов лидер на листата за супер тенок паметен телефон – Vivo X5Max. Малку откако Huawei го претстави својот Ascend P6, Gionee 5.5 “Elife S5.1, излезе напред во рангирањето. Потоа Oppo го покажа ултра тенкиот 4.85мм R5, а сега Vivo создаде телефон кој е тенок само 4,75 милиметри.
Vivo X5Max е опремен со Qualcomm Snapdragon 615, кој е 8-core. Од овие 8 јадра, 4 се на 1.7GHz Cortex A53, а другите 4 на 1GHz Cortex A-53. Архитектурата е 64-битна, оперативната меморија е 2GB, а внатрешната е 16GB. Како чудо, компанијата успеала да вгради 2000 mAh батерија. Тоа е за пофалба, имајќи го во предвид празното место кое го има во телефонот. Поинтересно е дека овој телефон има два слота за SIM картички. Едниот е за nano SIM, а другиот за micro SIM. Ако сепак немате две карти, едниот слот може да се користи за microSD картичка, што е генијално решение за заштеда на простор.
За фановите на фотографиите има и 13-мегапикселна главна камера која користи Sony IMX214 сензор, а предната е 5 мегапикселна камера за селфиња.
За да успеат да го постигнат овој феноменален резултат, Vivo ставиле во Vivo X5Max матична плоча, која е само 1.77мм, во комбинација со тенки материјали кои можат да се искористат за изработка на мобилен телефон. Екранот е исто така можеби најтенкиот, со големина од само 1.36мм дебелина. За финале има и оперативен систем Funtouch OS 2.0, кој е базиран на Android 4.4 KitKat.
Во моментов можете да нарачате телефонот, додека официјално Vivo X5Max ќе се појави на пазарот од 22 декември. Цената ќе биде 486 долари.