Тешко ќе најдете нешто за Вивиен Мајер. Таа нема објавено ниту една слика во својот живот.
Но во 2007-мата, на аукција во Чикаго, локалниот историчар Џон Малуф купува кутија со нејзини негативи. Освоен од мајсторството на фотографот, тој не е ни свесен за вредноста на купените фотографии направени во 1960 и 1970 година.
Во 2009 година, сликите стануваат сензација на интернет. Малуф добива над 200 понуди за да направи филм за животот на Мајер.
Целиот свој живот Вивиен правела фотографии кои не ги покажувала на никого. Употребувала по повеќе од 200 годишно, а ги развивала сликите во својата соба – претворена во студио.
Никогаш не го искористила своето хоби (или подобро, љубов), за да заработува пари. Дури ни нејзините блиски и пријателите не знаеле дека таа е страствен фотограф. Нејзините сликите прв пат стануваат достапни за јавноста дури по нејзината смрт.
Го поминала најголемиот дел од животот во Чикаго, работејќи како дадилка. Во слободното време, ги шетала улиците со фотоапарат во рацете. Нејзините фотографии вивидно ја опишуваат американската култура во 1950-тите.
Носела машки панталони и шапка со широка основа. Децата што ги чувала подоцна ќе ја опишат како социјалист, феминист, филмски критичар и некој што ги кажува работите такви какви што се.
Нејзиниот живот го поставува важното прашање: Важно ли е да се стремиме кон слава и успех? Нејзината приказна е доказ дека вистинската уметност не бара никаква надворешна потврда и евалуација. Можеби сета уметност треба да биде креирана без преовладливата желба да се привлече вниманието на гледачот или желбата да се влезе во историјата?
Денес експертите ја рангираат Мајер во ист кош со славните улични фотографи на 20-от век.