Три жени играле голф едно убаво неделно попладне.На едната од нив и одлетала топката во шумата. Отишла да ја побара, но наместо топката пронашла жаба фатена во замка.
– Ослободи ме, рекла жабата и ќе ти исполнам 3 желби.
Жената не се двоумела долго. Ја ослобдодила жабата, па таа и рекла:
– Ти Благодарам, но заборавив да напоменам нешто. Се што ќе посакаш, твојот маж ќе доби 10 пати подобро.
– Немам ништо против, била задоволна жената.
Нејзината прва желба била да стане најубавата жена на светот.
– Но, дали си свесна дека твојот маж ќе стане најубавиот маж?, ја предупредила жабата. нема да постои човек на светот што нема да го посака…
– Нема проблем, рекла жената и јас ќе бидам најубавата жена на светот, па ќе ме гледа само мене!
И така жената станала најубава на светот. После тоа посакала да стане најбогата.
– Но, тоа ќе го направи твојот маж 10 пати побогат.
– Не ми пречи, она што е мое е и негово, одговорила жената.
И така жената станала најбогата на светот.
– Која е твојата последна желба, прашала радознало жабата.
– Сакам да добијам лесен срцев удар!
Пораката на приказната е дека жените се интелигентни, не се шалете со нив!
НАПОМЕНА: Ако сте женско не читајте понатаму. За вас е вицот готов. Застанете овде и чувствувајте се супериорно.
Ако сте маж: Мажот имал 10 пати ПОЛЕСЕН срцев удар!
Пораката на приказната е дека жените мислат дека се многу интелигентни. Да ги пуштиме да уживаат во спектакалот.
П.с Ако сте женско и се уште читате, тоа е доказ дека НИКОГАШ не слушате!