*На пладневната радио програма:
Водителот: Добар ден! Кој ни се јавува?
Зоран: Добар ден, Зоран тука.
Водителот: Ги знаеш ли правилата на играта, Зоран?
Зоран: Да, да, ги знам.
Водителот: Оженет си Зоране, или имаш сериозна врска?
Зоран: Да.
Водителот: Како тоа “да”, Зоран? Или си во брак или си во врска?
Зоран: (се смее нервозно): Да, де, во брак сум.
Водителот: Добро, Зоран. Како се вика жена ти?
Зоран: Драгана.
Водителот: На работа ли е сега Драгана?
Зоран: (се двоуми) Ќе ми го скрши вратот заради ова…
Водителот: Зоранее! Ајде, Зоран, дали е Драгана сега на работа?
Зоран: (се смее) Да, на работа е.
Водителот: Супер, тогаш ајде да одиме со првото прашање. Спреми се, Зоран! Кога последен пат сте имале секс со Драгана?
Зоран: Леле боже, ќе ме убие ако кажам!
Водителот: Ајде мајсторе, ајде, кога имавте секс последен пат?
Зоран: Сабајлево, околу 7:00.
Водителот: Опааа! Браво, Зоране! (ракоплеска)
Зоран: (се смее со видлива неудобност): Да… Ете…
Водителот: Второ прашање, Зоран! Колку време траеше сексот?
Зоран: Уффф… Три дена нема да ми збори за ова… Дваесет минути.
Водителот: Машала, Зоране! Браво! Да одиме тогаш со последното прашање. Каде имавте секс во 07:00?
Зоран (се смее како луд): Хмммм….
Водителот: Станува интересно! Ајде, Зоран, твојот последен одговор. Каде, Зоран?
Зоран: Паааа, додека Драгана подготвуваше појадок во кујната … всушност на кујнската маса.
Водителот: Па тоа бе, Зоране! Егзотика во 07:00, што убаво е да се слушне такво нешто! Браво момци. Во ред, Зоран, остани на линија, а ние ќе ја бараме Драгана на работа.
*Неколку минути подоцна …
Водителот: Добар ден Драгана! Тука сме во живо, сè ти објаснивме за време на рекламите, подготвена? Значи, Зоран е на линија и слуша сé што ќе речеш. Ни одговори на три прашања, и сега ти си на ред. Ако твоите одговори се исти со оние на Зоран, ја освојувате главната награда за оваа недела, што воопшто не е за потценување! 10 дена на Малдивите во хотел со пет ѕвезди, со вклучено крстарење, курс по нуркање и неограничени коктели во најелитниот бар на плажата! Драгана, спремна?
Драгана: (возбудено) Да да, спремна. Зоран, се надевам не си лажел нешто!? (Се смее)
Зоран (се смее): Душо, само кажи ја вистината и одговори на прашањата и ќе нема никакви проблеми.
Водителот: Океј, гулапчиња, првото прашање за Драгана. Драгана, кога последен пат ти и Зоран имавте секс?
Драгана: Боже мој! Зар вакви прашања? Зоран?
Зоран: Ајде мила, прашањата се полесни отколку што мислиш.
Водителот: Ајде, Драгана, кога последен пат?
Драгана (со воздржан тон): Па, утрово околу 7:00.
*Во позадина се слуша победничко ѕвонче и овации.
Водителот: Бравооооо! Одиме понатаму, веднаш! Драгана, колку долго траеше сексот?
Драгана: 15 минути, мислам.
*Позадински ефект во студиото: Хммммм.
Водителот: Мислам дека може да ти го важиме одговорот за точен. Кој мери време кога има секс, нели?
Зоран (се смее нервозно): Па, да.
Драгана (се смее)
Водителот: Ајде тогаш, да одиме на последното прашање! Драгана, слушај добро. Сте имале секс утрово околу 7.00, траел 15-20 минути. Прашањето е: Каде?
Драгана: Оф мори мајко, Зоран! Зар и тоа им кажа?
Зоран: Ајде, душо, само ти одговори.
Драгана: Не можам да верувам! Го кажа тоа на радио, пред сите?!
Зоран: Душо, ајде бе, дај да одиме на Малдиви. Плус тоа е нормална работа, сите луѓе го прават. Ајде сега, не прави беспотребни проблеми. Помисли само колку ќе уживаме!
Водителот: Драгана, го слушна човекот! Немаме цел ден. Кажи ни, каде имавте секс?
Драгана: Во газот!
*Пауза. Штама.
Водителот: Извинете, драги слушатели, ама квизот оди во живо и ете и тоа се случува. Сè е можно… А ние испраќаме голем поздрав до Зоран и Драгана и им посакуваме повеќе среќа следниот пат.