Виц: Работникот и крокодилот

По напорниот ден на работа на плантажа еден  роб конечно се прибирал дома. Во дворот трчале неговите деца – кое од кое помали. Одеднаш од реката излегол крокодил, го фатил најмалото и започнал да го јаде.

Работникот почнал  да вика и плаче, а жена му го смирувала: – Не плачи, имаме толку многу деца, пак и ќе си направиме ново!

Поминало некое време и им се  родило  ново дете. И повторно истата ситуација: работникот се вратил по напорниот ден на плантажа, крокодилот фатил  едно дете и го изел. По неколку месеци – исто.

Се вратил човекот дома и почнал да се жали… – И што добивам јас , по ѓаволите? Од утро до вечер се убивам од работа на плантажа. После цела ноќ правам деца. И сè за да прехранам овој проклет крокодил !!!

- Реклама -