Работел Перо во портирница во една фирма, кога неговиот директор забележал дека буквално сите го поздравуваат. Кој како влегол во фирмата од вработени, до директори и странки се поздравувале со него.
Го викнал директорот на разговор и го прашал:
– Абе Перо, ти гледам многу луѓе знаеш а?
– Па да, рекол Перо
– А знаеш ли некои така, повлијателни луѓе?
– Хаха, се насмевнал Перо. Прашајте ме за некој конкретно, можеби го знам.
– Еве да речеме премиерот. Го знаеш ли?
– -Ех, воздивнал Перо, како да не го знам. Зеадно игравме џамлии како деца, зедно пораснавме, први соседи бевме.
На директорот не му се верувало. Епа ај однеси ме кај него ако е така…
Излегле од зградата и се упатиле кон Влада. Во Влада кога портирот го видел Перо веднаш станал.
– Кај си бе Перо?
– Еве на гости кај премиерот. Ако можеш најави ме.
– Ма каква најава, влагај одма.
Груевски се насмевнал кога го видел.
– Оо Перо одамна не сум те видел.
Веднаш порачал кафе, па сокче, па како жена ти, како децата…
На директорот не му се верувало и на патот назад му рекол:
– Ајде може ова случајно, другари, деца, да видам дали го знаеш претседателот.
– Ех, како да не го знам. Најдобар пријател ми е. Се запознавме случајно на една слава, , па со години неразделни сме.
– Е ако е така однеси ме!
Тргнале двајцата кај претседателот и уште на врата сите почнале:
„Пероо, кај си бе ти. Сега ќе го викнеме претседателот“.
Излегол Иванов сиот среќен се испогушкале, си направиле кафе – муабет и се разделиле.
Директорот сиот во шок му рекол на Перо:
– Не сум знаел дека си толку познат. Да те прашам нешто, ако знаеш толку многу луѓе да не го знаеш и Путин?
– Ех, се насмевнал Перо, како да не го знам? Уште на времето се запознавме кога шетав низ Москва.
Директорот се изнервирал. Е стварно не ти верувам. Ајде фаќаме авион, па ако е така запознај ме. На моја сметка.
Перо се согласил.
Слетале во Москва, му се јавил на Путин, тој веднаш пратил луѓе по него.
Ги пречекал во својот дом, ги нагостил, се изнасмеале, поздрав жена, деца и се вратиле назад.
На патот кон дома директорот цело време молчел, па одеднаш го прекинал молкот:
– Да не го знаеш Обама?
Секако дека го знам, рекол Перо. Ретко се гледаме, еднаш годишно. Со Обама се запознавме уште во СФРЈ, тој на семинар во Хрватска, јас служев војска таму.
– Одма идеме, му се обратил директорот на пилотот, а потоа се свтел кон Перо…Бива?
– Секако!
Влегле во Белата куќа кога таму Мишел цела среќна. – Perooo. Hello. How are you?
Веднаш го викнала Обама, Перо ги запознал со директорот, поминале незаборавен викенд: шетање, гозба, дружење, солзи, а директорот блед од неверување дека шета со Обама.
На патот кон Македонија му рекол:
Абе Перо, ако го знаеш и Папапа, готово завршуваме тука.
– Секако дека го знам, рекол Перо. Одма идеме, многу ќе се израдува.
Директорот не го прашал како се знаат, веднаш тргнале.
Кога таму Папата држел говор на плоштад.
Перо му рекол:
– Директоре, обезбедувањево е многу строго. Почекај ме тука, ме знаат мене, ќе се качам горе, ќе се поздравам со Папата и ќе ти мафтам.
Се качил Перо, Папата го стопирал говорот, му подал рака и заедно го поздравиле директорот.
Кога видел Перо, Директорот паднал во несвест.
Се симнал доле, луѓе собрани околу директорот кој полека почнал да се освестува.
– Директоре добри ли сте, што се случи, прашал Перо…
– Ок, ајде ќе разберам Груевски, Ѓорѓе, Путин, Обама, Папата, ама дека ми се приближи еден црнец и ме праша „Кој е оној што стои до Перо“? Стварно не ми е јасно!