Виц: Маж, жена и хелихоптер

Некој маж со жена му секоја година посетувале саем на летала, и секогаш мажот велел “Колку би сакал да се повозам на хеликоптерон…”

Жена му, како и секогаш, му одговарала “Знам дека сакаш, ама возење на хеликоптерот чини 100 евра, а 100 евра си се 100 евра”.

После многу години, како и порано, го посетувале саемот, и мажот рекол “Види, имам 85 години. Ако не се повозам сега на хеликоптерот, веројатно нема да имам повторно шанса за да се повозам…”

Жена му, пак со истиот одговор “Знам, ама возење на хеликоптерот чини 100 евра, а 100 евра си се 100 евра”.

Пилотот го слушнал разговорот и им рекол “Слушајте, можам да ви понудам нешто. Ќе ве повозам и двајцата на хеликоптерот. Доколку ќутите за цело време на летот, нема да ви наплатам ништо. Ама, ако било кој каже макар еден збор, летот ќе ве чини редовни 100 евра”.

Се согласиле и се качиле на хеликоптерот. Пилотот ги пробал сите финти што ги знаел за да ги натера да прозборат. Вртел, правел нагли потези… џабе, ни збор.

Штом го спуштил хеликоптерот, уште не гледал позади кога рекол “Побогу, ги направив сите финти што ги знам и ни збор не кажавте. Секоја чест!”

Се слушнал гласот на мажот позади него “Брат, да ти кажам искрено, за малку ќе речев нешто кога падна жена ми од хеликоптерот, ама знаеш, 100 евра си се 100 евра.”

- Реклама -