Еден човек влегол во продавница за играчки, со цел да купи Барби кукла за својата ќерка.
– Добар ден, колку чини барбиката од излогот? – ја прашал тој продавачката.
– За која Барби станува збор? Имаме: Барби оди на фитнес за 250 денари, Барби оди на бал за 250 денари, Барби оди да пазарува за 250 денари, Барби оди на плажа за 250 денари и разведена Барби за 1.000 денари.
Мажот прашал збунет: – Но зошто разведената Барби е толку поскапа од останатите?
Продавачката љубезно појаснила: – Па тоа е очигледно, господине. Разведената Барби оди во комплет со куќата на Кен, со мебелот на Кен, со колата на Кен, со јахтата на Кен …